За КМОП

КМОП е непрофитна организација, основана во 1977 година. Таа е една од најстарите невладини организации во Грција со повеќе од 40 години акумулирано искуство во поддршка на маргинализирани групи.


КМОП верува дека предуслов за градење на подобар свет е решавање на основните причини за ранливоста преку градење на издржливост на поединците и заедниците за да истите предвидат, се спротивстават и се опорават од ризиците што ги предизвикуваат променливите општествени, технолошки и еколошки случувања. Ваквата флексибилност не е можна доколку не се работи на градење мостови меѓу луѓето, групите и заедниците.


КМОП работи со јавниот и со приватниот сектор, како и со граѓанското општество ориентирано кон решенија, базирани на знаење и интервенции кои се од клучно значење за флексибилноста и создавање на свет како подобро место за живеење. Главни области на експертиза во кои работи организацијата се социјална заштита и здравство, вработување и заштита на човековите права, научни истражувања и развој на знаења во социјалната политика.

Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП) работи главно во други држави надвор од Грција, вклучувајчи ја и Македонија почнувајќи од 2015 година. КМОП најпрво основа проектна канцеларија која потоа прерасна во локална подружница, која е регистрирана како локално Здружение на граѓани и работи автономно, но се потпира на богатото искуството на КМОП и ги следи состојбите во однос на ранливите групи во државата.

До сега организацијата работела со маргинализирани групи во државата, обидувајќи се да го фасилитира нивното вклучување на пазарот на труд и промоција на нивната социјална инклузија преку користење на социјално менторство. Ова се покажа како успешен метод, со што многу корисници од ранливите групи беа поврзани со приватниот сектор, а некои од нив дури имаа можност да остварат и практична работа во локални приватни компании.

Во исто време организацијата работи во насока на спречување на децата Роми да го напуштаат формалниот образовен систем во државата, нешто што би довело до поголемо вклучување во нивните локални заедници. За да се оствари тоа, се обидуваме да ги мобилизираме и развиеме локалните граѓански организации активни во сферата на поддршка на Ромската заедница преку користење на механизнот за под-грантирање, кој ќе ги мотивира во насока на превземање конкретни акции во ова поле со цел да развијат конкретни активности.


Нашата цел е да бидеме активно вклучени во сферата на системот на социјална заштита во Македонија колку што е можно повеќе, да допринесеме за олеснување на различните ранливи групи преку креирање на иновативни и ефективни решенија за некој од проблемите кои се јавуваат во државата, како и градење на локални заедници кои ќе бидат по флексибилни кон оние на кои им е потребна поддршка.


 

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик

© КМОП. Сите права се задржани