проекти

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Општата цел на проектот е да се зголеми активноста на лицата кај кои постои ризик од социјално исклучување од пазарот на трудот преку подобрување на нивните вештини, образование, квалификации и олеснување на нивната целосна интеграција во општеството и пазарот на трудот.

Оваа општа цел е поделена на посебни цели кои вклучуваат конкретни интервенции на три фронта:


Цел 1: Подобрување на ефикасноста во вработувањето и социјалните услуги како начин за унапредување на социјалното вклучување на ранливите и маргинализираните групи преку помагање на стручните лица од Центрите за вработување и Центрите за социјална работа во развој на нови вештини како ’Ментори за социјално вклучување‘;

Цел 2: Оспособување на ранливите и маргинализираните групи и вградување вештини и искуство потребни за надминување на пречките со кои се среќаваат на патот кон долгорочна работа и независност, преку програма за обука пред вработување и обезбедување работа или стажирање во локалните бизниси и социјални претпријатија;

Цел 3: Поттикнување подобрувања во обезбедувањето на услугите преку осмислување нови услуги за поддршка на семејствата и механизми за упатување, подигнување на јавната свест, како и развивање ефективни партнерства меѓу клучните чинители (единици на локалната самоуправа, владини институции, невладини организации кои се вклучени во обезбедувањето на услугите, социјални партнери, даватели на образование и обука) за да се произведат резултати на теренот.


Проектот следи сеопфатен пристап, комбинирајќи неколу различни компоненти: а) градење капацитети на професионалци и ранливи категории на групи; б) зголемување на јавната свест; и в) имплементација на практични пилот активности. Главниот елемент каде се вложени најмногу напори е имплементацијата на пилот активности, во чии рамки беше за првпат во Република Македонија имплементирана специјално дизајнираната Програма за менторирање, фокусирана на унапредување на процесите на вработување на ранливи групи на граѓани. И покрај моменталната економска состојба која спречува многу компании да инвестираат во човечки ресурси, оваа програма се докажа успешна, имајќи предвид дека преку неа не само што одреден број на корисници учестуваа во практикантската програма, туку сите корисници се доближија до приватниот сектор и потенцијалните работодавачи, што претставува основа за нивна инклузија на пазарот на трудот.     

Севкупните остварувања во рамките на проектот беа презентирани на завршната конференција која се одржи на 11ти јули 2017 година во Хотел Порта, каде присуствуваа претставници на повеќе општествени чинители, вклучително и Делегацијата на ЕУ, Министерството за труд и социјална политика, општините, Центрите за социјална работа, приватни компании и граѓански организации.

Проектот започна во декември 2015 година и се приближува кон завршната фаза, со што фокусот се става на капитализација и понатамошно проширување на проектните аутпути, како и на изнаоѓање на алтернативни можности за негово продолжување.


 Помеѓу најзначајните достигнувања во рамките на проектот се вбројуваат:

  • 130 луѓе од различни ранливи групи стекнаа основни вештини за вработување и се доближија до приватниот сектор
  • 20 луѓе учествуваа во практикантската програма
  • 80 професионалци добија обука за социјални ментори, развивајќи ги своите вештини за менторирање на корисниците на социјални услуги во Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување
  • Повеќе од 200 компании беа информирани за придобивките од вклучување на луѓе од ранливи категории во нивните активности
  • Голем дел од јавноста беше сензибилизирана за важноста од вклучување на ранливите групи граѓани на пазарот на трудот

Проектот е спроведен во Република Македонија во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси за периодот 2007-2013 година преку Инструментот за претпристапна помош.


 Проектни материјали

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик